Завршува откупот на тутун во Струмичко

85

Најмногу уште десет тони тутун треба да биде откупен во наредните денови и со тоа целосно да заврши откупот за оваа сезона, информираат од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од Василево.

Еден месец пред официјалното завршување на откупот во Струмичко се откупени скоро 99 проценти од ланското производство односно околу два милиони килограми.

Според Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак“, годинава откупот поминал добро, а тутунарите се задоволни од постигнатата просечна цена.

– Просечната откупна цена изнесува 215 денари за килограм тутун. Немаше никакви проблеми при откупот и тој течеше нормално, инфомира Трајков.

Лани во Струмичкиот регион е зголемен бројот на тутунопрозводителите во споредба со изминатите години. Според евидентните листови биле пријавени 2.750 производители на тутун односно за 150 повеќе.