Завршува изведбата на спортско-рекреативниот комплекс на ,,Островска”

62

Финализираат градежните активности на повеќенаменскиот комплекс на „Островска“ во Лисиче, а граѓаните од Аеродром наскоро ќе добијат нов спортски терен за фудбал, ракомет и кошарка, детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, осветлување и нови садници во целиот простор.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, заедно со претседателот на Советот, Дејан Митески и советниците извршија увид во градежните активности кои се реализираат на оваа локација во Лисиче.

-Ветивме рамномерен развој на сите населби и маала во Аеродром и големо е задоволството кога проектите го добиваат својот финален изглед. По долги години стагнација и недостаток на инвестиции, конечно гледаме како ,,Островска” во Лисиче го добива еден од најубавите комплекси, современ и модерен спортско-рекреативен простор наменет за сите генерации  – истакна Муцунски.

Повеќенаменскиот комплекс претставува реализација на уште еден проект во овој инвестициски циклус преку кој создаваме современи услови кои го унапредуваат секојдневното живеење на граѓаните.