Заврши средбата помеѓу Путин и Алиeв: Усвоена заедничка изјава, ова се клучните точки

301

Претседателите на Азербејџан и Русија, Илхам Алиев и Владимир Путин, го завршија разговорот кој се одржа во проширен формат. После тоа потпишаа меѓудржавни документи.

Документите потпишани за време на посетата на Путин го потврдуваат пријателскиот и сојузничкиот карактер на односите меѓу Русија и Азербејџан, изјави Илхам Алиев на крајот од средбата меѓу двајцата лидери.

Путин и Алиев усвоија заедничка изјава по разговорите во Баку. Клучни точки:

– Русија и Азербејџан се договорија да продолжат со зајакнување на односите врз основа на принципите на заемно почитување на државниот суверенитет и територијален интегритет и немешање во внатрешните работи меѓусебно.

– Москва и Баку ја потврдија желбата да помогнат во воспоставувањето светски поредок, заснован на меѓународното право, без двојни стандарди.

– Русија е подготвена да продолжи да ја промовира нормализацијата на односите меѓу Азербејџан и Ерменија.

– Лидерите високо го оценија сегашното ниво на трговско-економска соработка, важно е дополнително да се зајакне соработката и да се развијат транспортните врски, вклучително и коридорот север-југ.

– Москва и Баку заедно ќе се подготват за прославата на 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна, која ќе има за цел да го зачува споменот на заедничката борба против нацизмот.