Заврши рехабилитација на два патни правца во Неготино и Гевгелија

296

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорите на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, и на ЈП „Македонија пат“, Костадин Ацевски, заедно со пратеничките Лолита Ристова и Марија Костадиновска денеска остварија средби со жителите на неготинските населени места Дуброво и Војшанци и гевгелиско Прдејци каде заврши комплетната рехабилитација на овие два патни правца со инвестициона вредност од околу 100 милиони денари.

– Во наредните денови ќе бидеме повторно присутни во Гевгелија, каде што ќе ги доделиме клучевите од социјалните станови на социјално ранливи семејства. Во септември ќе биде распишан повикот за распределба на социјалната зграда во Неготино. Се грижиме за сите, граѓаните ни даваат дополнителен мотив да работиме уште повеќе во решавање на секојдневните инфраструктурни проблеми. Драго ми е што исполнивме уште едно ветување, овие проекти беа големо, повеќегодишно барање на жителите на Неготино и Гевгелија – истакна Бочварски.