Последниот обид да се доведе во прашање сопственоста на Лед Цепелин за хитот „Stairway to Heaven“ не помина на суд. Легендарниот британски рок-бенд во понеделникот официјално победи во правна битка, која траеше шест години откако американскиот бенд Спирит ги обвини дека со планетарниот хит „Stairway to Heaven“ од 1971 година ја плагирале песната „ Taurus“.
Врховниот суд на САД одби да го разгледа случајот воопшто, што значи дека одлуката на Апелациониот суд во Сан Франциско од март 2020 година останува на сила. Тој суд ја потврди првостепената пресуда од 2016 година во која се утврди дека Лед Цепелин не ја копирал популарната инструменталка од песната Taurus од 60-тите години на минатиот век од страна на психоделичната група Спирит.
„Taurus“ е настаната во 1968 година, три години пред да се напише хитот Stairway to Heaven. Обвинителите бараа меѓу 3 и 13 милиони американски долари за авторски права, но не успеаја да докажат дека елементите на „Taurus“се значително слични со воведниот дел од „ Stairway to Heaven“.
Песната на бендот „Спирит“ е напишана од гитаристот Ренди Волф, познат како Ренди Калифорнија, кој почина во 1997 година. Тужбата беше поднесена во 2015. година од починатиот застапник на Волф, Мајкл Скидмор, обвинувајќи ги Плант и Пејџ за кражба. Лед Цепелин и Спирит настапувале заедно на турнеи откако била напишана песната, а Скидмор навестувал дека Пејџ можеби ја компонирал откако во живо ја слушнал песната Taurus.