Заврши изградбата на новото училиште „Визбегово“

54

Заврши изградбата на новото училиште „Визбегово” во Општина Бутел. Се очекува завршување на правните процедури од локалната власт и почнување со настава од септември.

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој денеска беше во посета на училиштето, објектот ќе може да прими околу илјада ученици од трите скопски општини Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

Училиштето има 20 училници, опремени за сеопфатна наставна програма, кабинети за општествени и природни науки, за музика и за уметност, лифт за учениците со посебни потреби, библиотека…

Од Владата, преку МОН, беа обезбедени 110 милиони денари за изградбата на училиштето.