Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан во 16:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопштија од ЈП „Македонија Пат“.
Од истите причини во 17:00 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.