Забрана за користење на социјални мрежи на лица помлади од 16 години – засега само предлог!

40

Претставничкиот дом на Флорида го поддржа предлогот да се забрани користењето на социјалните мрежи од страна на лица помлади од 16 години, без оглед на одобрението од родителите.

Нацрт-законот усвоен од федералниот Претставнички дом пред два дена, не прецизира кои платформи ќе бидат забранети.

Предлог-законот не се однесува на апликациите што се користат за размена на приватни пораки меѓу поединци.

Пред да стигне до потпис на гувернерот, предлогот ќе треба да помине во државниот Сенат.