Заборски меѓу најдобрите четири спортисти

48

Македонскиот каратист Петар Заборски, во конкуренција на сениори, успеа да влезе меѓу најдобрите четири спортисти на турнирот во Самобор (Хрватска), на кој учествуваа 1.611 каратисти од 24 држави и 211 клубови.

Тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Бошко Заборски, информираше дека до влезот на големото финале, Петар имал вкупно седум борби од кои пет победи и два порази од Хрватските репрезентативци Квесич Анџело и Иван Квесич, што е, како што вели, доволно за бронзен медал.

Во елиминацискиот дел нашиот репрезентативец, член на скопски „Макпетрол“, имаше четири победи. За овој елитен дел од турнирското преставување во сениорска конкуренција во апсолутна категорија, организаторот обезбеди и вредни парични награди, соопшти тренерот Заборски.