Заборавила накит вреден 3,5 милиони евра во авион

138

Жената која пренесувала накит вреден 3,5 милиони евра, а кој златарските куќи и го позајмиле за настапот на пејачката Рита Ора на филмскиот фестивал во Кан, ја заборавила торбата со вредниот накит во авионот.

https://www.instagram.com/p/BxiM81_BZ5o/?utm_source=ig_web_copy_link

Сепак, накитот е вратен во Лондон, од каде е испратен и каде е најден, пренесе Франс прес.

„Кога излегла од авион во Ница, жената задолжена да го пренесе накитот на Рита Ора сфатила дека го заборавила рачниот багаж и мантилот во авинот“, рекол извор запознаен со случајот.

„Само некој со главата во облаци може да заборави толку скап накит во авион“, се пошегувал еден полициски службеник.

Според полицискиот службеник, торбата била вратена на лондонскиот аеродром Лутон, од каде авиокомпанијата го проследиле до Хитроу, каде сопствениците си го преземале накитот.