Англискиот премиерлигаш Евертон моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на португалскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Жоао Марио.

Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и сериозно размислува за промена на клупската средина.

Големата желба на Евертон може да стане реалност само доколку официјалната понуда за поранешниот фудбалер на Спортинг од Лисабон не биде помала од 20 мил. евра.