Жичницата од утре ќе работи по зимски режим

61

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека жичницата на Средно Водно од утре ќе работи по зимен режим, односно од 10 до 17 часот.

Во периодот од 16-16.30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на жичницата во период ноември-март.

И натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот.