Жител на нишко село ја добил назад нивата што не му била доплатена, а со неа и 150 гробови

135

Славиша Јовановиќ од околината на Ниш, пред 17 години продал нива за проширување на гробиштата.

Бидејќи парите не биле целосно исплатени, Јовановиќ ја тужел општината, а по 10 години судот пресудил наместо пари, општината да му го врати земјиштето. Така и се случило, но во пакет со вратената нива оделе и гробовите на 150 закопани соседи и роднини.

Со ова, како што пишуваат регионалните медиуми, во неволја се нашле и Јовановиќ, кој практично станал нов сопственик на гробиштата, а и селото, бидејќи тој не е овластен да организира погреби.

-Сега треба да ги тужам сите за да бидат ексхумирани нивните починати сакани и префрлени на друго место, вели Јовановиќ.

Тој додава дека поради овој проблем не може да спие.

-Што ќе правиме со овие покојници? Мислам дека ќе го решиме овој проблем. Со заобиколување на судот, па што ќе прави тој таму, ќе сее пченица, жито или ќе собира кирија од овие мртви, праша претседателот на Советот на граѓани, Жарко Рајковиќ, на што Јовановиќ одговара дека тоа не му паѓа на памет.

Претседателот на општината за медиумите изјавил дека се работи на решение, а сопственикот на 150 гробови вели дека ќе почека до крајот на месецов.