Жителите бараат да се врати старото име „Сремски фронт“ на улицата „Исмаил Кривца“

230

Жителите на улицата „Сремски фронт“ во Општина Ѓорче Петров, која сега го носи името „Исмаил Кривца“, бараат враќање на старото име на улицата, откако во 2021 година го смени поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

За таа цел, тие се организираат со петиција, која ја потпишале 110 домаќинства.

Советничката Марија Андоновска, на седницата на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во името на жителите, побара од сегашната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, да се смени името на улицата.

– Жителите не се согласуваат со одлуката за промената на името, бидејќи веќе постои улица со исто име во Општина Чаир – истакна Андоновска.

(А.П.)