Италијанските медиуми немаат дилема дека францускиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Милан, Оливие Жиру, веќе го има одбрано следниот клуб. Според истите медиуми, искусниот напаѓач на лето се сели во американската МЛС лига, а во следните две сезони ќе го носи дресот на Лос Анџелес.