НФЛ-ѕвездата Том Брејди се обидува да биде во добри односи со новото момче на својата поранешна сопруга, Жизел Бундхен, иако таа го изневерила. Како што пренесува познатиот британски таблоид „Дејли мејл“, Том Брејди се обидува да го најде доброто во момчето на познатата манекенка, Јоаким Валенте, притоа прифаќајќи го фактот дека врската започнала уште пред разводот.
- Жизел потврди за својата романса со инструкторот во џиу-џицу кога беа забележани како споделуваат страстен бакнеж во Мајами, на Денот на вљубените, на 14 февруари. Се вели дека почнале да излегуваат во јавност во јуни 2023 година. Веројатно, од јуни 2021 година се во врска, иако некои нивни блиски велат дека во тоа време тој ѝ бил само утеха да го преболи разводот. И Том се забавувал со жени, како што се руската манекенка Ирина Шајк и многу други, сè со цел да „ја надмине разделбата од Жизел – изјавил изворот за „Дејли мејл“.
Том и Жизел се разведоа во октомври 2022 година, а само две недели по тоа, беа фотографирани Јоаким и Жизел во Костарика.