„Животи обликувани во вода“

79

Во четврток, во 19 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје, здружението „Еко-свест“ ќе ја отвори изложбата „Животи обликувани од вода“.

Од здружението информираат дека на изложбата посетителите ќе имаат можност да ги видат фотографиите и видеоматеријалите на седум фотографи од регионот, кои со својот објектив ги снимија начините на кои нашите животи се испреплетуваат со реките.

-Дополнително, со изложбата сакаме да ја запознаеме пошироката јавност со реките на кои активно работиме да ги заштитиме, како и со вредностите кои сметаме дека треба да се зачуваат – потенцираат од „Еко-свест“ и додаваат дека влезот за изложбата е бесплатен.

Изложбата ќе биде поставена 12 дена во Скопје, а во текот на следната година „Еко-свест“ планира да организира изложби во Белград, Бања Лука, Подгорица, Мостар, Ариље, Загреб и Карловац.