Живи изгореа 70 тркачки коњи, а маж е повреден, во пожар што избувна во штала во Франција

202

Пожарот што избувна во штала за тркачки коњи рано утринава во Калвадос предизвика смрт на повеќе од 70 коњи, кои загинаа во пламенот, а маж (21) се здоби со сериозни повреди на рацете, пренесоа француските медиуми.

Беше 5 часот и 40 минути наутро, оваа недела, кога пламените јазици се појавија во оваа штала лоцирана во Бернеска, во Калвадос, пишуваат француските медиуми, Заробени во своите тезги, без можност да избегаат, како што се наведува, сите коњи умреле.

Пожарот целосно ја уништи шталата од 1000 метри квадратни, пишуваат оттаму. Наводно, 21-годишен маж се здобил со повреди на рацете. Тој итно бил пренесен во болницата во Бајо.

Во оваа интервенција биле ангажирани повеќе од дваесет пожарникари и шест возила, пишуваат француските медиуми, а причината за несреќата се уште не е позната. Криминалистичките техничари на жандармеријата Калвадос се ангажирани да ја испитаат шталата, пишуваат тие.

Сопственикот на шталата живее во странство, јавуваат француските медиуми.