Менаџерот на англискиот премиерлигаш Брајтон, Роберто де Зерби, е најновата желба на најтрофејниот клуб во Бундес лигата, тимот на Баерн (М), открија германските медиуми. Баварскиот гигант е во потрага по наследникот на Томас Тухел, а истите медиуми открија дека на клупските челници многу им се допаѓа офанзивниот стил на игра кој го форсира италијанскиот стручњак.