„Жешките костени“ во негови раце: „Боинг“ има нов директор, Кели Оргберг ќе се справува со наталожените проблеми

545

Американската авиокомпанија Боинг денеска објави дека нејзин нов извршен директор е Роберт „Кели“ Ортберг, кој на 8 август ќе го наследи Дејвид Калхун и ќе се обиде да ги реши наталожените проблеми на компанијата, меѓу кои е и оперативната загуба од 1,4 милијарди долари во вториот квартал од 2024 година.

„Исклучителна чест ми е што се приклучувам на оваа иконска компанија. Боинг има огромна и богата историја како лидер и пионер во нашата индустрија“, рече Ортберг.

Тој изјави дека заедно со 170.000 вработени посветено ќе работи на продолжување на традицијата на компанијата Боинг, со акцент на безбедноста и квалитетот на производството, пренесува CNN (CNN).