ЖЕСТОК УДАР ВРЗ ОДЕСА: Русија ја нападна Украина со балистички ракети, има мртви

760

Најмалку десет лица загинаа, а 47 се повредени во руски напад со балистички проектили врз пристанишниот град Одеса, објави денеска Киев Индипендент.

Меѓу загинатите има седум полицајци, еден лекар и двајца цивили.

Повредени се најмалку 14 полицајци и четири деца, од кои две на возраст од 7 и 10 години, како и двајца 11-годишници.

Најмалку 10 жртви, речиси 50 ранети во Одеса
– Децата се хоспитализирани и се во умерено тешка состојба. Уште 30 лица се хоспитализирани, од кои тројца се во критична состојба – изјави гувернерот на Одеса, Олег Кипер.

Тој додаде дека локалните власти го прогласиле 19 ноември за ден на жалост во Одеса.

– Русија предавнички насочи ракета кон станбена зграда, во областа на деловните активности – напиша претходно денеска на каналот Телеграм градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов.

Зеленски се огласи: Русија е заинтересирана само за војна
Во нападот беа оштетени паркинг, станбена зграда, универзитет и административна зграда, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– По повиците и средбите со (рускиот претседател Владимир) Путин, по лажните медиумски гласини за воздржување од напади, Русија го покажува она што навистина ја интересира: само војна – истакна Зеленски.