Жесток напад на Барселона од Мадрид

5
epa11605965 FC Barcelona's Lamine Yamal (C) celebrates with teammates Robert Lewandowski (L) and Raphinha (R) after scoring the 0-2 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Girona FC and FC Barcelona, in Girona, Spain, 15 September 2024. EPA-EFE/DAVID BORRAT

Мадридскиот весник „Марка“ е познат како „весникот на Реал Мадрид“, па не е ни чудо што веднаш по дебаклот на „кралскиот клуб“ во „Ел Класико“ (4:0), беше објавен текст во кој се прашува: „Од каде и пари на Барселона за засилувања?“.

Во текстот објавен во Марка се наведува:

„Како Барселона успеа да го добие потписот на Дани Олмо и уште осум фудбалери за цифра од 159 милиони евра, плус Флик и неговиот тим?“, прашува „Marca“ и наведува:

„Засилување од 159 милиони евра во клуб кој до ден денес крши се што е поврзано со финансискиот фер-плеј, како што откри нивниот претседател. Зарем тоа не е скандал за вас?“, вели Марка.

По овој текст, очекувано имаше реакции од навивачите на каталонскиот гигант.

„Јасен знак дека Реал (М) го загуби натпреварот. Повторно плачат, едноставно не можат да поднесат пораз“, се само дел од коментарите на навивачите на Барселона.

Очигледно навивачите на Реал (М) не можат да се помират со тешкиот пораз, па барем на некој начин се обидуваат да внесат немир во редовите на големиот ривал кој сезонава игра феноменален фудбал под водство на Ханси Флик.

По „Ел Класико“, играчите на Барселона побараа дополнителен ден за одмор. Сакале да одморат три дена наместо два. Од соблекувалната се слушаше „три дена одмор“.

Флик не сакаше ни да слушне за дополнителниот слободен ден, тој го одби предлогот на играчот во соблекувалната и испрати јасна порака.

„Сите се пријавивте во среда“, рече Флик.