Се зборува дека доколку нешто Јоксимовиќ мрази, тоа е да објавува свои летни фотографии на Инстаграм, ФБ или Тик-ток. Особено не од оние на кои е разголен. Тие, ни под разно. Не дека себе си се смета за грд маж, туку тоа му е приватност која не сака да ја споделува со девојките и жените. Па, сепак….
За многу популарната српска музичка ѕвезда и евровизискиот хитмејкер, Жељко Јоксимовиќ се зборува дека доколку нешто мрази, тоа е да објавува свои летни фотографии на Инстаграм, ФБ или Тик-ток. Особено не од оние на кои е разголен. Тие, ни под разно. Не дека себе си се смета за грд маж, туку тоа му е интима, приватност која не сака да ја споделува со обожувателите, а понајмалку со девојките и жените. За среќа негова, понежниот пол сепак го смета за еден од најзгодните фраери на естрадата и затоа често жените се прашуваат: “Дали некогаш Јоксимовиќ ќе го видиме во гаќите за капење, да се увериме во тоа што се зборува дека е неодоливо сексипилен и покрај тоа што е како Макрон, малечок по висина“?
И, ете чудото наеднаш се случи. Летово од некаде и од некој “натрапник, “исплива“ една ама вредна “разголена“ фотографија од Жељко. Додуше од сликата и нема којзнае што толку голо да се види освен што низ морската вода му “ѕиркаат“ гаќите за капење (тесни припиени по интимните делови темно сини боксерки). Сепак, Јоксимовиќ се “осмели“ па дури ги покажа рацете, грбот и секако лицето. Очите му се заштитени со очилата за сонце. И толку од “голотијата“. Има и неизбежна негова наместена насмевка за сликање.
Поупатените објаснуваат дека фотографијата на Жељко Јоксимовиќ е сега (во медиумите) главна тема за разговори, муабети, приказни, и по некој трач. Се разбира најмногу меѓу жените. Многумина од нив велат за музичарот (и сопругот на згодната белградска новинарка Јована) дека ќе пукне од мака што тие имаат дефинитивно на увид да е прилично влакнест по грбот. Природната “обдареност“ која нему ужасно му оди по нервите и нешто што го крие од останатиот свет. Сето тоа предизвика лавина реакции, но имаше и навистина коректни коментари.
Така да, интимната тајна на Јоксимовиќ е разоткриена, а тој што ја објавил сликата веројатно нема добро да помине кај самиот Жељко. Следува или расправија или прекин на пријателство и комуникацијата. А, што ако со оваа слика пред сите сакала да се пофали неговата Јована, да ги потврди муабетите, дека има, како што велат дамите, згоден маж? Да не можеби се случи разводот на еден сега-засега, најцврстите естрадни бракови? Се сомневаме во тоа, а ако е ова “масло“ на Јована, ќе има единствено “летање на пердуви“, беснеење, размена на лоши зборови, намуртена ќутенка цела недела, и…..толку. Останатото, според онаа народната “секое чудо за три дена“! Д.М. фото:архива