Жена од Германија повикала полиција бидејќи и украле печено свинско месо од нејзиниот балкон

89

Жена повикала полиција во јужна Германија откако соседите и украле печено свинско месо од балконот во неделата вечерта, соопшти полицијата.

Жената гледала како парот го зема месото завиткано во фолија од нејзиниот балкон во градот Митенвалд, во Баварските Алпи. Кога полицијата пристигнала во зградата, затекнала двајца крадци како во кујната се подготвувале да се засладат со дел од печеното свинско месо.

Остатокот од месото е вратен на сопственичката. Полицијата ја проценила штетата на околу 25 евра, а двојката сега се соочува со истрага за кражба.