Жан-Патрик Конрад – добитник на наградата “Гоцева мисла“

39

Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз е добитник на годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла”.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, во чест на роденденот на Гоце Делчев (4 февруари) и неговата позната мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.

Доделувањето на наградата ќе биде рамки на манифестацијата „Фестивал на чајот и читањето” која ќе трае до 15 февруари.

Досегашни добитници на „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија) и Ристо Василевски (Македонија-Србија).