Тунискиот ракометар Ваел Жалуз (28) ја прекина пензијата и потпиша договор со крајот на сезонава со туниската екипа Хамамет. Тунижанецот беше еден од најдобрите бекови кога играше за Кил и Барселона. Но, Жалуз има(ше) сериозни здравствени проблеми кои не се од ракометна природа. Тоа сосема ја запре неговата кариера. Обидот да ја рестартира во Берлин како позајмен, а потоа и во Шарт од Франција како комплетен трансфер од Барса немаа ефект.
Во април годинава, прво ги демантираше медиумите дека се пензионира, но подоцна потврди дека ја завршува кариерата. Тоа траеше до сега кога обелодени дека ја прекинува пензијата и му се враќа на ракометот.