Американскиот кошаркар Едмонд Самнер потпиша договор со тимот на Жалгирис до крајот на сезоната.

Самнер одигра 161 натпревар во пет сезони во НБА лигата, а беше избран од Њу Орлеанс како 52-ри пик на драфтот во 2017 година, но набрзо беше разменет во Индијана.

По развојната лига настапуваше за првиот тим на Индијана и во сезоната 2018/2019, а својот најдобар учинок го имаше во сезоната 2020/2021 година, кога имаше просек од 7,5 поени и 1,8 скока на 53 натпревари. Во септември 2021 година ја скина Ахиловата тетива, по што беше разменет во Бруклин, каде што беше отпуштен четири дена подоцна.

Поради повредата ја пропушти целата сезона 2021/2022. Бруклин повторно го ангажираше на 8 јули минатата година, а за Нетс одигра 53 натпревари и постигна 7,1 поен, 1,5 скок и 1,3 асистенции.

Жалгирис го доведе како замена за Наз Митру-Лонг, кој минатата недела замина во Олимпијакос.