epa09877892 Former tennis Champion and sports commentator Boris Becker arrives at Southwark Crown Court in London, Britain, 08 April 2022. Becker is in court after declaring bankruptcy. The six-time Grand Slam champion is accused of having 'acted dishonestly' when he failed to hand over trophies and medals, including his Wimbledon titles, to pay off his debts, the court heard on 21 March. Becker was declared bankrupt in June 2017. EPA-EFE/NEIL HALL

Легендарниот германски тенисер и трикратен шампион на Вимблдон, Борис Бекер изјави дека сè уште е многу рано да се врати на неофицијалното Светско првенство на трева и да работи во улога на стручен консултант.

Тој со години беше ко-коментатор на Вимблдон додека живееше во Лондон, но беше протеран од англиските власти откако одлежа осуммесечна затворска казна за неплатен данок и финансиски долгови кон државата.

Бекер прогласи и банкрот, а сега живее во својата родна Германија и се обидува да „застане на нозе“ по големиот пад во неговиот живот. Германските медиуми му дадоа голема поддршка на поранешниот светски тениски рекет број еден, а тој вели дека не ја исклучува можноста за враќање на Вимблдон следната година.

„Мислам дека уште не е вистинскиот момент за враќање.  Лондон е „мој“ град, јас го обожавам и поминав премногу убави моменти таму. Сепак мислам дека треба малку да почекаме, нека се смири ситуацијата, а јас сум убеден дека следната сезона може повторно да бидам таму, меѓу сите мои драги пријатели“, изјави Бекер.

Германецот имаше долг од 2,5 милиони евра кои не можеше да ги плати и затоа судот во Лондон му изрече затворска казна во траење од осум месеци, а тој го нарече овој момент како „најлош во животот и посакувал никогаш да не се случи“.

Во текот на кариерата, Бекер се закити со дури шест грен слем титули, од кои три се освоени токму во Лондон, на најпрестижниот турнир во светот.