Е. Работник го донесе првото зимско засилување

33

Екипата на Еурофарм Работник го донесе првото зимско засилување и ја официјализира соработката со црногорскиот ракометар Мирко Радовиќ.

Радовиќ, кој има 28 години, настапува на десната крилна позиција, а по потреба знае да игра и како десен бек. Тој доаѓа од редовите на црногорски Ловќен, каде требаше да ја доигра сезоната, но, сепак, двете страни предвремено го раскинаа договорот, па дојде до потпис со Еурофарм.

Некогашниот црногорски репрезентативец нема да биде последно засилување за Еурофарм Работник оваа зима. Радовиќ покрај за Ловќен во кариерата настапуваше уште за Будуќност, Валанс (Франција) и Цеглед (Унгарија).

Македонскиот суперлигаш активно се подготвува за настапот во групната фаза од ЕХФ-Купот, како и за претстојните предизвици во плеј-офот во рамки на македонската Суперлига.