Мислам дека денес се соочивме со многу проблеми, и во фазата на одбрана и во нападот. Проблеми ни создаде Еурофарм Пелистер кој играше како тим, но и заморот од тешкиот натпревар против Нант во неделата. Се паметат бодовите и тоа е најважно, но мора да се подобриме, кажа тренерот на ПСЖ по победата над битолчани од 31:26 во 4. коло од ЛШ
Македонскиот ракометен шампион, тимот на Еурофарм Пелистер, одигра нов натпревар во Лигата на шампионите и претрпе нов пораз. Во рамки на третата рунда, пелистерци гостуваа кај ПСЖ и не успеаја да го изненадат фаворитот, губајќи со 30:26, па останаа на котата „нула“ во елитното друштво, зад Загреб, Колдинг, Алборг…
Сепак, битолчани беа многу мотивирани во дуелот против најбогатиот ракометен клуб во светот. Избраниците на тренерскиот двоец Шундовски – Јовиќ, во текот на целиот натпревар му парираа на францускиот тим кој со многу мака стигна до нови бодови во Лигата на шампионите.
„Сакам да им честитам на моите ракометари за настапот на овој натпревар и секако на тимот на ПСЖ за победата. Не беше лесно да се игра во Париз, но мислам дека одигравме како екипа против моќен состав. Верувам дека сме на добар пат. Раул Гонзалез е голем пријател на македонскиот ракомет и сакам да му посакам баш оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ“, изјави Јовиќ.
Дека имале големи проблеми со македонскиот шампион, призна и тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалез, кој добро и е познат на македонската јавност, откако со Вардар осови две титули во Лигата на шампионите.
„Мислам дека денес се соочивме со многу проблеми, и во фазата на одбрана и во нападот. Проблеми ни создаде Еурофарм Пелистер кој играше како тим, но и заморот од тешкиот натпревар против Нант во неделата. Се паметат бодовите и тоа е најважно, но мора да се подобриме. Ме изненади мотивираниот тим на Еурофарм Пелистер и сакам да им честитам за настапот. Се радувам на нашата следна средба и доаѓањето во Македонија.“, изјави Раул Гонзалез.
Камил Сипжак со седум гола беше убедливо најдобриот поединец во побендичкиот тим, додека кај поразените Борзаш, Тајник и Пешевски постигнаа по пет гола.
Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите продолжува со гостувањата, затоа што следната седмица следи натпревар против Загреб на гостински терен во Хрватска, каде битолчани ќе ја бркаат првата победа во групата по поразите од Колштад, Алборг, Кил и ПСЖ.
За ПСЖ ова беше трета победа во четвртиот натпревар во Лигата на шампионите. „Светците“ во следната рунда ги чека домашен меч со Алборг кој во ова коло неочекувано испушти бод во Загреб.