Кошаркарите на Анадолу Ефес се пласираа во финалето во Евролига, откако славеа против екипата на  Фенербахче со 92:73 во турското полуфинале на фајнл-фор турнирот во Виторија.

Ослабениот тим на Жељко Обрадовиќ успеа да одигра на висина на задачата само во првото полувреме, а во продолжението од мечот немаше решение за расположените Ларкин и Мициќ кои забележаа вкупно 55 поени во оваа убедлива победа. остварија убедлива победа во полуфиналето против Фенербахче.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ларкин со 30 поени, додека Мициќ запиша 25 коша. На спротивната страна Весели постигна 14 поени.

Во второто полуфинале вечерва ќе играат Реал Мадрид и ЦСКА Москва.