Европската унија не сака да ја коментира одлуката на САД за повлекување на американските трупи од Германија. Тие сметаат дека потегот е прифатен „во рамките на НАТО“ и не ја засега ЕУ, изјави портпарол на Службата за надворешна политика на Унијата на брифинг во Брисел.
„САД се членки на НАТО и неодамнешното соопштение е во рамките на НАТО. Секако, ние со интерес го следиме развојот на се што влијае на безбедноста на Европа, но не ја коментираме таа одлука на американската администрација и член на НАТО“, појасни претставникот.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер вчера соопшти дека 11.900 американски трупи ќе бидат повлечени од Германија. Од нив, 6.400 ќе се вратат во земјата, а околу 5.600 ќе бидат преместени во Италија и Белгија. Околу 25.000 војници ќе останат во Германија.
Извор:МИА