ЕУ не постигна договор за 14-тиот пакет санкции против Русија

68
epa10360660 A European flag flies in front of the European Commission headquarters in Brussels, Belgium, 11 December 2022. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската унија не постигна договор за 14-тиот пакет санкции против Русија, откако Германија изрази резервираност за влијанието на клаузулата врз подружниците и партнерите од трети земји врз германската економија.

Официјални лица од 27-те земји на ЕУ повеќе од еден месец дебатираат за пакетот санкции што вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас и план операторите на ЕУ да бидат одговорни за прекршување на санкциите од страна на филијали и партнери во трети земји.

Како дел од пакетот санкции, ЕУ, исто така, требаше да им забрани на бродовите кои придонесуваат во воените напори на Русија да влезат во нејзините пристаништа.

Амбасадорите на ЕУ синоќа требаше да разговараат и да одлучуваат за ова прашање, но темата за санкциите во последен момент беше повлечена од дневниот ред на состанокот.

Следната средба на амбасадорите е закажана за в среда.

Според Ројтерс, Унгарија очигледно била подготвена да го прифати 14-тиот пакет санкции против Русија.