Европската унија денеска деблокираше околу две милијарди евра од средствата наменети за Унгарија, откако владата на премиерот Виктор Орбан постигна напредок во однос на условите поврзани со образованието и родовата еднаквост.
Средствата се дел од вкупната сума од околу 30 милијарди евра што ЕУ одлучи да ги замрзне за Унгарија пред повеќе од една година, пред се поради ситуацијата поврзана со владеењето на правото и корупцијата, објави Блумберг Во декември 10,2 милијарди евра беа деблокирани, откако Будимпешта исполни одредени барања на Брисел поврзани со зајакнување на независноста на судството.
Портпаролот на Европската комисија, Стефан де Керсмакер, наведува дека со одобрувањето на последната транша, износот на средствата до кои ЕУ сè уште го блокира пристапот на Унгарија се намали на околу 19 милијарди евра. Околу половина од нив се грантови и заеми за закрепнување од Ковид, а другата половина се таканаречени кохезиони фондови, пренесува Танјуг.