Екипата на Еурофарм Пелистер за прв пат се пласираше фајнал-фор турнирот во СЕХА лигата, откако во 1/4 финалето славеше во преполната „Боро Чурлевски“ над Мешков Брест со 27:26 (23:23) по изведувањето на пенали.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Руди Сери со шест, а по четири дадоа Танкоски и Хосно. Во полуфиналето тимот од Битола ќе игра против унгарскиот гигант Веспрем.