Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа нерешено со Фредериција (29:29) по голема драма во осмото коло на Лигата на шампионите. Средбата во салата „Боро Чурлевски“ понуди огромна борба, се играше на победа до завршните секунди и двете екипи беа во можност да се радуваат, но на крајот мораа да се задоволат со по еден бод. Имаа битолчани два напади во последната минута кои можеа да ги реализираат за триумф, меѓутоа не успеаја.

На Пелистер на оваа средба недостасуваа одбраните на Никола Митревски кој средбата ја заврши со пет интервенции. Најефикасен беше Богдан Радивојевиќ со седум гола, додека Филип Кузмановски пет пати ја затресе мрежата.

Во редовите на Фредерција седум постигна Мартинусен, а солиден настап имаше и поранешниот ракометар на битолскиот клуб, Табоада кој постигна пет гола.

На табелата по осум кола Пелистер сега е шести со четири бода, Фредериција има три, Висла 2, но полскиот тим е и со натпревар помалку. За шпанскиот стратег Раул Алонсо денешниот натпревар беше и негово деби во Лигата на шампионите на клупата на „пелистерци.“

ФОТО: П.Стојановски