Пејачот Владо Георгиев решил да ни открие топла вода, па одлучил да не се дружи со алкохолот повеќе од 40 дена. Не пробал ни капка алкохол. – Пола човек, пола лимонада, напиша тој на Твитер и радосно насмеан вели дека веќе некое време е трезен. Тој навистина се лутеше многу поради пишувањата на новинарите дека е неизлечлив љубител на добрата капка, бидејќи сака да го викаат дека е боем со педигре. Но подобро упатените кажуваат дека има лошо пијанство, па пие и за време на концертите. Штета за еден таков врвен уметник, доколку има вистина во тоа. Сепак, време е веќе Владо да му се врати на трезвениот живот. Публиката ќе знае да му прости! Д.М.