Есен во Белград: Лисиците на променада по градските улици/видео

36

Изминативе денови, белграѓани забележаа појава на лисици на неколку локации во градот – најпрвин на Дедиње, како претураат по отпадот во близина на контејнер, па на тротоар на Јулина Брдо, па во Дорќол и Земун.

Граѓаните велат дека животните не биле исплашени, мирно стоеле и ги гледале.

Во некои делови на Белград не е невообичаено да се видат диви животни на улица. По градските улици шетаа и диви свињи, потоа беа забележани фазани по парковите, ежови на тротоарите, но и лисици покрај контејнерите, најчесто во доцните часови.

Во претходните три дена, белграѓани снимиле неколку лисици на повеќе локации во градот. Меѓу исплашените била и Јелена од Јулино Брдо, која доцна вечерта се враќала дома и на пат кон својата зграда, затекла дури три лисици.

– Не ми беше сеедно кога ги видов. Се шетаа покрај контејнерот. Едната беше покрај  контејнерот и тетнеше нешто како колбас, додека другата се врткаше околу кеса со леб. Третата стоеше покрај нив и ги набљудуваше. Ме забележа и во тој момент ми се пресекоа нозете. Гледаше директно во мене – изјави Јелена за nova.rs.

Мирните лисици, кои не бегаат од луѓето, претставуваат притаена закана, предупреди лоџијата од Сувобор, Бошко Миловановиќ, и истакна дека во тие ситуации е нужно да не им се приоѓа по никоај цена, бидејќи можат да бидат опасни.

Од Ловечкиот сојуз на Србија наведуваат дека појавата на лисици на градските улици не е невообичаена.

–  Лисиците се појавуваат во приградските населби, и тоа не е ништо невообичаено. Видени се дури и чакали. Воопшто не мора да се бесни. Генерално, стојат покрај контејнерите, бидејќи бараат храна. Се разбира, забранет е отстрел, бидејќи е урбана зона. За нив се задолжени од службата на „Зооохигиена“ – објаснуваат од Сојузот.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)