Кошаркарот на Каршијака, Ерик Меккалум (34), имал трауматично искуство во Турција, откако маж му се заканувал со нож поради паркинг место. Според американскиот кошаркар, работите биле толку сериозни што во еден момент помислил дека ќе мора да го убие. Сето ова се случило во трговски центар во Измир додека играчот на Каршијака бил со бремената сопруга и двегодишниот син.

Братот на НБА ѕвездата Си Џеј Меккалум (Њу Орлеанс Пеликанс) се огласи на Твитер и ги откри сите детали за инцидентот што се случи во Турција.

  • Пријатели, фанови во Измир. Пријавете го сопственикот на овој бел „Мерцедес“. Се однесуваше како идиот околу моето паркинг место. Агресивно се приближуваше кон мојот автомобил, додека не излегов од автомобилот и не видов колку сум повисок/помлад од него. Ми пријде со нож и потоа луѓето го задржаа. Се расправавме, но граѓаните кои случајно се најдоа во трговскиот центар интервенираа и физички го задржаа. Најлошо од сè е што бев со мојата бремена сопруга и двегодишниот син. Морав да се уверам дека се безбедни, напиша Меккалум.