Челниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем не се откажуваат од намерата повторно да ги осигураат услугите на данскиот интернационалец Кристијан Ериксен. Офанзивниот играч за врска моментално го носи дресот на Брентфорд, но на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер. Освен популарните „петли“, голем интерес за неговите услуги покажуваат и тимовите на Астон Вила и на Вест Хем.