Претседателот на Турција, Реџеп Таип, жестоко ги критикуваше организаторите на Олимписките игри во Париз и присуството на ЛГБТ агендата на свеченото отворање ОИ Париз 2024.
„Бесрамноста на која бевме сведоци на церемонијата на отворањето на Олимпијадата уште еднаш ни ги покажа размерите на заканата со која се соочуваме. Имам намера да му се јавам на папата во првата прилика и да разговарам со него за бесрамноста извршена против целиот христијански свет“, рече тој на состанокот на централниот комитет на владејачката Партија на правдата и развојот.
Според него, оваа срамна церемонија во Париз ги повредила нашите чувства не помалку отколку чувствата на христијаните ширум светот.
„Во Париз сакаат да спроведат проект кој има за цел да ги стави луѓето под животните. Макрон ме покани (на Олимпијадата). Јас одговорив дека можеби ќе можам да дојдам. Меѓутоа, мојата 13-годишна внука ми рече: Дедо, немој „Ти ќе одиш таму. Ја прашав зошто? Таа рече: Таму ќе организираат ЛГБТ шоу и ми покажа видео на Инстаграм. Јас одговорив: Добро, драга, нема да одам“, пренесува Спутник.