Ердоган ја отвори најголемата градска болница – голема колку 100 фудбалски игралишта

269

Во главниот град на Турција, Анкара, е отворена најголемата градска болница по својот капацитет, која воедно е и трета болница на светот чии единици се изградени во рамките на еден проект, јави агенцијата Анадолија. Објектот свечено го отвори претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со што оваа земја ја доби својата најголема болница. Во состав на болницата се наоѓа и медицински кампус.

Изградбата на болницата чини една милијарда евра, додека нејзината површина е еднаква на околу 100 фудбалски игралишта. Бoлницaтa е опремена со 3633 кревети, 131 операциони сали и 904 клиники и ќе биде во можност за да се згрижат 30.000 пациенти, како и за останати 8000 дневни пациенти.

Анкара планира да отвори уште 30 бoлници врз основа на моделот јавно приватно партнерство, забележува Ројтерс. Од своја страна, Ердоган рече дека такви големи бoлници ќе бидат во можност да обезбеди комплетна медицинска нега во еден комплекс.