Ердоган: Турција ќе направи напори да организира разговори меѓу Путин и Зеленски

78

Турција ќе продолжи со напорите за организирање разговори меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на вонредниот самит на Организацијата на турски држави во Анкара.

„Договорот за житото и размената на затвореници, кој стана возможен со наше посредништво, покажа дека страните во украинскиот конфликт се способни да најдат заеднички јазик“, рече Ердоган.

Според него, Турција се залага за праведен мир во Украина и, како што рече, се уште е во постојан контакт со рускиот претседател Путин и со украинскиот лидер Зеленски.