Ердоган повика на мир во регионот и прекин на конфликтот во Појасот Газа

51

Турција има за цел да обезбеди мир во регионот и пошироко преку енергична дипломатија заснована на луѓе и човечки вредности, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„И покрај сите пречки, ние работиме на изградба на ефикасен и инклузивен меѓународен систем за да обезбедиме мир, безбедност, стабилност и просперитет“, рече Ердоган на самитот на Шангајската организација за соработка во Астана, пренесува Anadolu Agency.

Тој додаде дека урнатините што го покриваат Појасот Газа, под кои „лежат телата на над 16.000 невини деца“, жртви на речиси деветмесечната израелска офанзива, се исто така урнатини на меѓународниот систем кој го загуби својот легитимитет бидејќи не успеа да прекин на конфликтот во Појасот Газа.