Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска оцени дека станало невозможно да се контролира ситуацијата во северозападната сириска провинција Идлиб, откако сириските сили во офанзива во бунтовничките области убија петмина турски војници, а Анкара одговори на нападите на сириската армија.
Претходно денеска, Ердоган рече дека и порачал на Русија „да се држи по страна” за време одмазничките турски напади на силите на сирискиот претседател на Башар Ал Асад, кому Москва е главен сојузник.
Во Киев, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Ердоган рече дека речиси милион луѓе од Идлиб се упатуваат кон турската граница поради сириската офанзива.
Турскиот претседател веднаш најави одмазда за нападот врз турските сили во Идлиб, по информацијата дека четворица турски војници се убиени, а деветмина се повредени во напад на сириската армија.
Според првичните проценки, 30-35 сириски војници загинале во турскиот одговор, рече Ердоган.