Ердоган: Бајден и САД се соучесници во воените злосторства на Израел

196

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата администрација се соучесници во, како што наведе, воените злосторства на Израел и кршењето на меѓународното право во конфликтот во Газа.

Во исто време, во интервју за Newsweek, тој повика на санкции против Израел.

Ердоган рече дека израелското „брутално убивање“ на цивили во нападите врз болниците и центрите за собирање помош претставува воени злосторства, објави Ројтерс.