Првиот човек на Светската фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино, потврди дека поради Корона вирусот, под знак прашалник е и одржувањето на престојното Европско првенство 2020 година.
- Дали постои ризик за ЕП 2020? Јас не можам ништо да исклучам. Нема место за паника, јас лично не сум загрижен, но мора внимателно да ја следиме целата ситуација и да избегнуваме некакви претерани реакции. Се надевам дека нема да се движи во таа насока за да го откажеме натпреварувањето, но ситуацијата е различна во секоја држава. Здравјето на луѓето е од поголемо значење во споредба со фудбалската игра, изјави Инфантино.