Епидемиолог предупредува на опасности по поплавите: Водите се повлекоа, останаа бактерии и вируси, закана за епидемии

51

Причините за овие болести постојат и тие се тука со нас! Ваквите вонредни околности ги будат микроорганизмите, кои исто така треба да преживеат, ги терааат да напаѓаат поинтензивно. Освен тоа, им оди во прилог и ситуацијата во која се нашле, вели д-р Верица Илиќ. Таа посочува дека на луѓето од загрозените подрачја прво треба да им се обезбеди чиста вода за пиење, а онаму каде што се привремено сместени да не бидат во големи групи, зашто во тој случај се закануваат респираторни заболувања

 

Поплавите, ураганите, разорните ветрови што ја одбележаа оваа есен на Балканот, покрај големите материјални штети, со себе носат и опасни инфекции, вируси и бактерии кои можат да доведат до создавање на нови епидемии.

Од Флорида, САД, дојде информација дека во водата се појавила смртоносната бактерија вибрио вулнификус, попозната како месојад, бидејќи го напаѓа месото кај луѓето. Таму таа бактерија е „постојан гостин“, но повикувајќи се на таа вест епидемиологот д-р Верица Илиќ за српски Блиц истакнува дека во контекст на неодамнешните поплави во регионот тоа ја потсетува на бактериите од групата вибиро, во која спаѓа и колерата.

– Не е важно дали овие луѓе ќе имаат дигестивни проблеми или цревни бактериски инфекции, дали се работи за колера, салмонела или нови форми на бактерии… Колера, дизентерија, салмонела најчесто се јавуваат во услови кога имаме проблем со водата. Кога станува збор за храната, постои салмонела. Во итни ситуации тие се „главни актери“ на сите несреќи и трагедии, истакна таа.

Епидемиологот предупредува дека по обилните врнежи и поплави на Босна и Херцеговина и се закануваат болести. Појаснува дека на поплавените земјишта кога водата ќе се повлече, ќе останат голем број од сите можни паразити, но ќе се развијат и комарци, при што демне опасност од болести што ги пренесуваат инсектите. Но, според неа, тој дел од проблемот се решава полесно, со дезинсекција.

Освен тоа, како што наведува д-р Илиќ, секоја климатска катастрофа ги наведува животните да се приближат до луѓето, што автоматски придонесува за создавање на нови зоонози, како што е короната. Таа предупредува и дека при поплавите се мешаат водата за пиење со вода загадена со измет, па  во поплавените подрачја има големи шанси да се развијат цревни инфекции, зашто ваквите вонредни околности се многу погодни за интензивно ширење на бактерии и вируси.

-Причините за овие болести постојат и тие се тука со нас! Ваквите вонредни околности ги будат микроорганизмите, кои исто така треба да преживеат, ги терааат да напаѓаат поинтензивно. Освен тоа, им оди во прилог и ситуацијата во која се нашле, вели д-р Верица Илиќ.

Поради тоа, таа посочува дека е многу важно на луѓето во загрозените подрачја да им се обезбеди здрава и чиста вода, како и хигиенски услови за живот.

-Првото нешто е да им се обезбеди чиста вода на оние кои се сместени некаде по вакви поплави. Значајно е и како ќе се подготви сместување за луѓето од поплавените подрачја. Затоа што кога имаме голем број луѓе во еден простор, се создава можност за респираторни заболувања, а сето тоа е циклус кој се надоврзува еден на друг, посочува докторката.