Предводникот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Луис Енрике, откри дека повеќе нема да смета на услугите на резервниот напаѓач, Коло Муани и на тие на словачкиот интернационалец Милан Шкринар. Трофејниот шпански стручњак додаде дека веќе ги информирал раководните лица кои имаат обврска да ги продадат фудбалерите за време на зимскиот преоден рок. Коло Муаин има понуди од Германија и Англија, додека Шкринар сака кам-бек во Италија.