Пејачот Енрике Иглесијас го доби третотот дете со долгогодишната партнерка и поранешна тенисерка Ана Курникова, а среќната двојка бременоста на Ана ја чуваше во тајност до последните денови пред породувањето.
Дека партнерката на пејачот се породила прво потврди среќниот чичко Хулио Иглесијас помладиот, кој за време на едно интервју на радио на прашањето од новинарите дали ќе стане чичко одговори дека е чичко веќе три пати.
Двојката ги потврди гласините објавувајќи ги првите фотографии од ќеркичката веднаш по нејзиното раѓање.
На Енрике и Ана не им е првпат да ја кријат бременоста. Имено, дека чекаат близнаци исто така криеја до последен момент. Денес близнаците Луси и Николас имаат две години.